Пресврт: Влаховиќ потпишува нов договор со Јувентус

Откаок не направи трансфер во ниту еден клуб летово, а беше поврзуван со многу клубови, се случи пресврт околу ситуацијата со Душан Влаховиќ. Сега Србинот е пред потпишување на нов договор со Јувентус, тврдат италијанските медиуми.

Српскиот голгетер инсистираше на заминување, а Јувентус не успеа да го убеди да ги намали неговите примања. Меѓутоа наводно Влаховиќ сега се согласил за намалување на неговата плата, па сега е пред потпишување на нова соработка.

Сегашниот договор на Влаховиќ истекува во 2026 година, откако во 2022 година потпиша четиригодишен договор со Јувентус. Претходно настапуваше во Фиорентина, а потекнува од фудбалската школа на белградски Партизан.

Се вчитува...