Пресврт во истрагата околу убиството на навивачот на АЕК: Уапсен Грк осомничен за убиството на Кацурис

Пресврт во истрагата околу убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис кое се случи во август оваа година пред мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб во Атина.

Како што информираа грчките медиуми уапсен е сега навивач на АЕК против кого се покренува постапка за убиството на Кацурис, и покрај тоа што претходно главните сомнежи водеа кон дел од групата хулигани на Динамо Загреб која беше вклучена во нередите во Атина.

Според Екатимерини, снимката од безбедносната камера покажува како осомничениот трча покрај Кацурис и во еден момент има судир со него додека го бркаат хулигани од Динамо Загреб и Панатинаикос. Потоа, тој беше повреден и хоспитализиран со скршеници на рацете и нозете, а во судот се појави како сведок.

Полицијата сега ги очекува ДНК резултатите дд него за да го спореди со примерокот на ДНК пронајден на ножот од местото на тепачката, на кој има и траги од крвта на Кацурис. 29-годишниот Кацурис беше смртно избоден со нож од непознати лица при конфликт меѓу ривалските фудбалски хулигани.

 

 

Се вчитува...