Голем пресврт во Париз: Мбапе подготвен на нов договор со ПСЖ!?

Продолжува сагата окоплу иднината на Килијан Мбапе. Таа може да добие пресврт, откако во француските медиуми се појави информацијата дека напаѓачот е подготвен да потпише нов договор со ПСЖ, и така да се „одмрзне“, односно да настапува и во новата сезона.

За потсетување дека ПСЖ најави суспензија на играчот до крајот на сезоната ако не прифати нов договор. Актуелниот му е до 2024 година и следната сезона ќе замине како слободен агент.

Мбапе го пропушти вчерашниот меч со Лориен, во кој неговиот тим немаше решение во нападот и одигра само 0-0. Мбапе беше на трибините на стадионот заедно со својот пријател, новиот играч на „светците“ Усман Дембеле.

24-годишниот играч е подготвен да седне на маса со претседателот Насер Ал-Хелаифи. Тој изјавил дека желба му е да игра за ПСЖ и во оваа сезона. Се очекува двете страни да се договорат на продолжување на договорот до 2025 година, со откупна клаузула во 2024 година како што претходно беше најавено.

Досега се шпекулираше дека Реал Мадрид ќе ја искористи оваа ситуација и ќе го ангажира Мбапе, но се чини „кралевите“ чекаат да истече неговиот договор и да го „грабнат“ како слободен играч. Меѓута имајќи ги во предвид новите шпекулации, тоа можеби и нема да се случи.

Се вчитува...