Пресврт во „пет до дванаесет“: Монако извиси, најдобриот стрелец на ЕП потпишува за друг клуб

Георгиес Микаутадзе имаше фантастичен настап на ЕВРО 2024, каде грузискиот репрезентативец беше еден добитниците на „Златната копачка“ со по три постигнати погодоци.

Јасно дека дека одличниот голгетер ќе си замине од Мец, тим со кој испадна од првата француска лига, а речиси завршен беше неговиот трансфер во редовите на Монако, кој пропадна буквално во „пет до дванаесет“.

Француските медиуми јавуваа дека се закажани и лекарските прегледи, но Грузиецот во последен момент се премислил и решил наместо во Монако да се пресели во редовите на Лион. Тој ги договорил личните услови за петгодишен договор со овој клуб, по што раководството на Мец било принудено да преговара од почеток со клубот од „Жерлан“.

За среќа, преговорите течеле брзо откако Лион ја израмнил понудата од 25 милиони евра на Монако, по што Мец дал зелено светло за овој трансфер што поскоро да се комплетира.

Се вчитува...