Пресврт во последен час: Саво Милошевиќ се откажа, Партизан избра нов тренер

Потписот на договорот меѓу Саво Милошевиќ и Партизан требаше да биде само формалност, но преговорите се искомпликуваа во последен момент и легендарниот голгетер сепак нема да се врати на тренерската клупа на „црно-белите“.

Српскиот портал „Телеграф“ објави дека Милошевиќ буквално во последен момент се премислил, па поради „технички причини“ се прекинати преговорите. „Црно-белите“ веднаш реагирале и го избрале новиот тренер – тоа ќе биде Гордан Петриќ, кој ќе ја води екипата, а негов прв асистент ќе биде Алберт Наѓ. Договорот ќе биде потпишан во текот на утрешниот ден и ќе биде на две години.

Гордан Петриќ остави длабока трага како играч на Партизан, а во кариерата има настапувано и за ОФК Београд, Данди Јунајтед, Глазгов Ренџерс, Хартс, Кристал Палас и АЕК Атина.

Тој извесно време беше и генерален секретар во Партизан, по што почна тренерска кариера и ги водеше екипите на Бежанија, Синѓелич, Земун, Чукарички и Рад во Србија, како и АЕЛ Лариса на Кипар и Горица од Словенија.

Немна сомнеж дека работата како шеф на стручниот штаб на Партизан ќе му биде најголем предизвик во тренерската кариера.

Се вчитува...