И покрај тоа што веќе се беше договорено за негова преселба во словенечниот Домжале, сепак поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими би можел кариерата да ја продолжи во рускиот прволигаш Динамо Москва.
Откако се согласи на договор со Домжале, како што пренесува словенечка „Екипа“, пресврт во последен момент поврзан со македонскиот интернационалец. Со понуда до Ибраими се јави рускиот гигант Динамо Москва која тешко се одбива.
Па, според последните информации во следните неколку часа комплетно ќе се расчисти ситуацијата околу поранешниот фудбалер на Марибор. Динамо Москва оваа сезона се врати во најсилната лига во Русија, па сега е во потрага по фудбалер кој ќе ги засили нивните офанзивни редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА