Клаузулата на Дани Олмо со Лајпциг според која шпанскиот репрезентативец може да замине од клубот за 60 милиони евра истече денеска. За ангажман на фантастичниот Шпанец и реално клубовите треба да платат поголема цена, но тоа изглед нема да биде случајот бидејќи преговорите помеѓу неговите агенти и германскиот клуб добија нова насока па тој и понатаму ќе биде достапен за оваа цена.
Според германските медиуми, Олмо и во следните недели ќе биде достапен за оној кој ќе понуди 60 милиони евра за негов трансфер што е во полза на повеќе заинтересирани клубови од Шпанија, Германија и Англија.
Агентите на Олмо веќе разговарале со неколку гиганти како Барселона, ПСЖ, Баерн Минхен и неколку клубови од Англија, но меѓу нив не е и Манчестер Сити, клубот кој се споменуваше како негова следна дестинација.
Најконкуретна во преговорите досега е Барселона која на Шпанецот му понудила шестгодишен договор според кој во првите сезони би заработувал помалку со цел да се запази финансискиот дел, а веќе од третата сезона да добие и поголема плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА