Пресврт во текот на ноќта: Со Пикси „летнаа“ и помошниците, Србија доби привремен селектор

Оставката на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси е прифатена од страна на фудбалскиот Сојуз на Србија, и тој повеќе не е селектор. Иако се прептоставуваше дека на  мечот со Андора во вторник, селекцијата ќе ја води неговиот помошник Горан Ѓоровиќ, тоа нема да се случи, со оглед дека со селекторот „летнаа“ и неговите помошници.

Така на престојното гостување во Андора, репрезентацијата ќе ја води Зоран Мирковиќ, актуелниот селектор на младата репрезентација на Србија.

Ова решение е од привремен карактер, и доаѓа во ситуација кога Пикси после поразот од Албанија поднесе оставка. Србија после ова ќе продолжи да бара трајно решение за селектор, а не е исклучена можноста Мирковиќ да ја води репрезентацијата до крајот на овој квалификациски циклус, а потоа да се бара нов селектор.

Засега се шпекулира со името на Вељко Пауновиќ, кој до неодамна го водеше тимот на Овиедо во Шпанија.

Се вчитува...