Најтрофејниот италијански клуб Јувентус со поразот од Макаби Хаифа, се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите, а во првенството клубот стои лошо. Многумина навивачи како виновник за слабите резултати го гледаат тренерот Масимилијано Алегри. Во вторникот веднаш по мечот многумина побараа оставка.
Меѓутоа се случи неверојатен пресврт, откако се дознаа детали од соблекувалната на Јувентус. Наводно некои од играчите биле за смена на Алегри, некои биле воздржани, а некои биле за тренерот да остане. Откако се дознало дека играчите се поделени во „кланови“, се јавија и навивачите со транспарент.
„Господине Алегри, не поднесувајте оставка. Оние кои се борат против вас не се вредни за овој дрес“, стои во транспарентот кои се појави во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА