Англиската фудбалска федерација (ФА) ќе ја разгледа можноста за ангажирање на Маурисио Покетино за селектор на репрезентацијата, доколку Герет Саутгејт ја напушти селекцијата по Европското првенство во Германија, објавија британските медиуми.
Покетино го раскина договорот со Челси со заедничка согласност во вторникот, по разговорите со раководството на клубот, а Дејли Телеграф објави дека шефовите на ФА размислуваат да го ангажираат.
Договорот на Саутгејт со ФА истекува оваа година, а тој ќе го води тимот на претстојното Европско првенство во Германија. Европското првенство ќе се одржи од 14. јуни до 14. јули, а Англија ќе игра во групата Ц со Словенија, Данска и Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА