Турскиот судија Халил Умут Мелер вели дека нема намера да пружи рака на помирување со претседателот на Анкарагучу, Фарук Коч кој го нападна на терен по мечот со Ризеспор.
Мелер вели дека нема простување за такви луѓе, затоа што вакви работи не се забораваат.
„Не му простувам на Фарук Коч. Нема никогаш да поминам преку ова. Не ме боли ударот, колку фактот дека додека лежев на земја следеа нови и нови удари, нешто што никогаш нема да го заборавам. Поради сопствената совест никогаш нема да му простам“ – вели Мелер.
37-годишнот судија ја потенцира улогата и на легендарниот турски фудбалер Емре Белозоглу во сето тоа. Тренерот на Анкарагучу исто така учествувал во нападот.
„Знам дека во нападот учествуваше и Емре, но тренерот на противничкиот тим успеа да го тргне. Емре константно провоцираше. Иако претседателот по мечот ми се извини мене и на семејството, Емре се уште тоа не го направил. Но, не е тоа никакво чудо, затоа што беше дрзок и како фудбалер а очигледно како тренер е уште полош“ – вели Мелер, кој не размислува за враќање на терените.
„Не сум психолошки подготвен сега брзо да се вратам на терените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА