Поранешниот македонски ракометен шампион Металург се наоѓа тешка ситуација откако доби суспензија за настап во европските натпреварувања, а суспензијата беше пренесена и во домашната Суперлига поради тужбите кои што биле доставени до ЕХФ од страна на поранешниот тренер Зоран Кастратовиќ и ракометарот Александар Шпенде.
Претседателката на клубот Зорица Блажевска вели дека Минчо Јорданов помогнал кога најмногу требало и дека не е спорна неговата подршка. Сепак, како што додава таа проблемите со ковид-ситуацијата се големи и за жал спортот е во втор план бидејќи сите гледаат како да ги спасат бизнисите.
„Јорданов даде пари кога требаше најмногу, не може да се оспори неговата поддршка. Можеби се ќе беше поинаку доколку ковид-ситуацијата не се случеше. Спортот се стави во втор план, сите гледаат да ги спасат своите бизниси, за жал. Не се откажа од клубот, во моментот е ситуацијата е така, тешко е кај сите“, изјави Блажевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА