Претседателката на францускиот олимписки комитет Брижит Енрикез поднесе оставка од функцијата нешто повеќе од една година пред почетокот на Олимписките игри во Париз.
Енрикез побара од Меѓународниот олимписки комитет да започне истрага за долгогодишните несогласувања што ги имала со поранешниот генерален секретар на Францускиот олимписки комитет Дидие Семин.
„На отворањето на Генералното собрание на Олимпискиот комитет што се одржа денеска, Брижит Енрикез објави дека донела одлука да се повлече од функцијата претседател на Олимпискиот комитет. Во овој преоден рок, улогата на претседател ќе ја извршува генералниот секретар Астрид Гајард“, се вели во соопштението од ФОК.
Рокот за избор на нов претседател е три месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА