Македонската олимписка делегација по денешната прес-конференција пред тргнувањето за Париз беше на свечечен прием кај Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова која и го предаде на Милијана Релиќ знамето наменето за отворањето на Олимписките игри во Париз.
Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ, а комплетната македонска делегација која ќе ја сочинуваат Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (Борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).
„Со чест и задоволство го врачив македонското знаме коешто нашите олимпијци ќе го развиорат на отворањето на Летните олимписките игри во Париз 2024. Со гордост и достоинство бранете ги боите на Македонија. Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце“, им порача Силјановска Давкова на македонските олимпијци.
Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА