Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука, уште еднаш во разговор за домашните медиуми се осврна на натпреварот во Лесковац во квалификациите за СП 2026, на кој Албанија славеше со 0-1 против Србија.
Дука ги откри деталите од разговорот со челниците на ФСС, но и со сега веќе поранешниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.
„Разговарав со челниците на Федерацијата и со селекторот на Србија, кои ми кажаа дека заслужуваме да победиме и дека нема причина за жалење бидејќи не заслужиле да победат. Тие беа јасни за тоа што е прикажано на теренот, дека нашиот тим заслужи три бода. Таков е фудбалот“, рече Дука.
Тој разговараше и со Драган Џајиќ, претседателот на ФСС.
„Дефинитивно беше вознемирен. Не верувам дека има српски навивач кој не бил, а камоли со челникот на федерацијата и легенда на југословенскиот фудбал.“
Нема забелешки за организацијата на натпреварот на стадионот „Дубочица“.
„Ни беа обезбедени оптимални услови. Немавме никакви проблеми. Имавме многу добар прием од моментот кога слетавме. Фантастичен смештај, услови за игра на стадионот. Тие дадоа се од себе за да го организираат натпреварот“, заклучи Дука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

