Албанската фудбалска федерација ќе мора да и исплати на УЕФА повеќе од 100.000 евра за казните добиени поради испадите на нивните навивачи за време на ЕВРО 2024.
Албанија, по синоќешниот пораз од Шпанија, го заврши настапот на Европското првенство кое за нив ќе остане во сеќавање и по крајно неспортскиот испад на репрезентативецот Мирлинд Даку, кој славејќи го бодот против Хрватска реши да испрати навредливи зборови на сметка на Македонија и Србија.
Неговото скандалозно однесување наиде на реакција и осуда и од претседателот на Албанската фудбалска федерација, Арманд Даку, кој ужива огромна почит во европските фудбалски рамки.
„Фудбалот е најубавата игра во светот која треба да носи обединување, пријателство, љубов. Затоа и се неприфатливи ваквите испади кои дојдоа од навивачите на балканските земји или поединци од фудбалот. Кои и да се, Албанци или Срби, нема да дозволиме да ја користат играта за други интереси или за промовирање емоции кои не се поврзани со фудбалот. Фудбалот треба да создава пријатели, а не непријатели, затоа не смееме да дозволиме националистички или расистички пароли“ – изјавил Дука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА