Претседателот на Албанската фудбалска федерација: Организацијата во Лесковац беше одлична

Албанците славеа во Лесковац по очајната игра на Србија, и поради тоа, Драган Стојковиќ поднесе оставка. Во соблекувалната на Србија беше болно, а атмосферата во Албанија беше сосема поинаква.

Претседателот на Албанската фудбалска федерација Арманд Дука ја пофали организацијата на натпреварот.

„Организацијата беше фантастична. Фудбалскиот сојуз на Србија доби позитивни критики. Се согласивме да го промениме местото на одржување и среќен сум што ова е, на некој начин, позитивен чекор во морето од негативни приказни што беа создадени на нашите состаноци. Фудбалскиот сојуз на Србија имаше обврска да го организира ова, исто како што многу добро ги организиравме настаните во Елбасан и Тирана. Би сакал да го пофалам и судијата кој беше на нивото на задачата. Судеше правилно, не почувствува некаков посебен притисок. За нас резултатот е многу добар. Спортски, важен и неопходен кој не оддржува во трката за нашиот сон – пласман на Светското првенство“, рече Дука.

Се вчитува...