Претседателот на Анкарагучу кој го тепаше судијата доби три и пол години казна затвор

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коџа е осуден на три и пол години затвор поради напад на судија по натпревар од турската Суперлига минатата сезона.

Коча го удри со тупаница судијата Халил Умут Мелер по дуелот меѓу Анкарагучу, чиј претседател тогаш беше и Ризерспор кој заврши нерешено 1-1. Мелер, кој падна на подот, исто така беше шутнат додека навивачите влетаа на теренот по израмнувачкиот гол на Ризеспор во последните секунди од натпреварот.

Турскиот фудбалски сојуз ги одложи сите првенствени натпревари за неколку недели по инцидентот. Судот во Анкара го осуди Коџа на три години и седум месеци затвор за „намерен напад на јавен службеник“.

Судот исто така го осуди Коча за закани кон судија и кршење на законот за спречување насилство во спортот, но ги повлече тие пресуди. Уште три лица добија затворски казни од една до пет години за напад на судијата.

Се вчитува...