Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча кој го нападна турскиот судија денеска е уапсен со уште две лица поради физички напад врз судијата на натпреварот против Ризеспор
Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч изјави дека по физичкиот напад врз судијата Халил Умут Мелер по синоќешниот натпревар меѓу Анкарагучу и Ризеспор, Коча е уапсен и изведен пред истражен судија. Јасно е дека ќе добие кривична пријава, а поради тежината на делото, кое е од специфична природа, сосема извесно го очекува затворска казна.
Судијата Мелер, пак, утре треба да биде пуштен од болница.

Фудбалската федерација на Турција ги прекина шампионатот до понатамошно известување, а нападот врз судијата го осудија претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

