Од Мадрид стигна студен туш за Барселона. На се погласните шпекулации дека Антоан Гризман веќе се договорил за трансфер во каталонскиот тим, стигна одговорот од претседателот на Атлетико Мадрид, Енрико Серезо:
„Гризман е играч на Атлетико Мадрид и точка! Оваа сезона беше многу добра, не може да барате повеќе.“
Гризман беше главната ѕвезда на Атлетико Мадрид во триумфот против Марсеј за титулата во Лига Европа. Францускиот напаѓач најблескавите моменти во својата кариера ги доживеа во соседна Шпанија. На финалето во Лион кој се наоѓа на 45 минути од неговиот роден град Макон, Гризман постигна два гола и доби овации од трибините.
„Гризман покажа кој е. Се надевам дека е среќен и дека останува со нас, но тоа сепак, е прашање за него“ – истакна тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Симеоне финалето го следеше од трибините поради суспензија, но на крај со мадридскиот тим го прослави шестиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА