Претседателот на Барса „на црно“ купил црн дроб за Абидал

Шпанското обвинителство подготвува нов случај против Сандро Росел, откако се појавија докази дека поранешниот претседател на Барселона учествувал во трговија со човечки органи. Станува збор за периодот во кој на Ерик Абидал му беше дијагностициран рак на црниот дроб и францускиот интернационалец бараше донор што ќе му помогне да го совлада големиот проблем. На помош му пришол токму претседателот Росел, кој преку свои контакти барал црн дроб на „црниот пазар“ .

Во истрагата што се водела против него за перење на пари бил прислушкуван телефонот на Росел, па сега обвинителството има на располагање неколку разговори на кои Росел разговара за наоѓање на црн дроб за Абидал.

„Сандро Росел веќе има пресуда против него за перење на пари, но проблемите може да му се зголемат бидејќи постојат и сериозни сомнежи дека е вмешен во трговија со човечки органи. Во тој период беше пишувано дека Абидал се спасил со црн дроб од неговиот роднина Жерар, но подеталната истрага покажала дека такво лице воопшто не постои, подгревајќи ги сомнежите дека Французинот е спасен токму благодарение на незаконските дејствија на Росел“ – пишуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...