Претседателот на Бенфика: Огорчен сум што го продавам Невеш!

Бенфика со реализација на еден од најголемите трансфери во историјата на клубот. ПСЖ за 70 милиони евра од португалскиот тим ќе го купи еден од најголемите светски таленти, Жоао Невеш.

Според договорот меѓу двата клуба, „светците“ ќе и платат 60 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра во бонуси на Бенфика.

Легендарниот Португалец, Руи Коста, сега претседател на клубот, вели дека е огорчен што го продава Невеш, но едноставно не може да се одбие оваа понуда.

„Ги разбирам критиките од навивачите, и јас сум огорчен со продажбата на Жоао Невеш, но мојата работа е да се грижам за Бенфика да освојува трофеи. Се уште се договараме. Уште повеќе ми е жал бидејќи Жоао е квалитетен фудбалер кој го познавам од 10 години. Луѓето мора да разберат дека оваа ситуација ја одложувавме колку што можевме. Ја одбивме првата понуда, но стигнавме до моментот кога трансферот е неизбежен. Не можеме да одбиеме 70 милиони евра“ – вели Руи Коста.

Се вчитува...