Претседателот на Бразил не го сака Анчелоти за селектор

Легендарниот италијански стратег, Карло Анчелоти од јуни 2024 година ќе го превземе селекторското место во фудбалската репрезентација на Бразил. Преговорите траеа долго, но на крајот беа успешни што овој потег наиде на голема поддршка од Бразилците.

Но, сепак не секој е задоволен. Еден од противниците е и претседателот на Бразил, Луиз Инацио Лула да Силва кој изјави дека е поголем симпатизер на сегашниот стратег Фернандо Диниз.

„Го сакам Анчелоти, но лесно е да водите европски тим во единаесет одбрани играчи. Исто така, зошто тој никогаш не беше селектор на својата држава која очигледни проблеми и не се пласираше на последните две Светски првенства? Диниз ми е по мил, има личност и карактер, креативен е и вистински лидер на соблекувалната.

Според мене проблемот на нашата репрезентација не се селекторите. Ни претходните, ни сегашниот Диниз. Проблемот е во квалитетот на играчите кој не е на нивото како порано“, вели претседателот на Бразил.

Се вчитува...