Едно од најславните тренерски имиња во историјата, Карло Анчелоти од идното лето ќе биде нов селектор на Бразил, откако ќе му заврши договорот со Реал Мадрид.
По долги преговори „кариоките“ го добија најпосакуваниот тренер за што поддршка дадоа сите искрени фудбалски фанови во Бразил, но не и претседателот на државата, Лула да Силва.
Да Силва жестоко застана против ангажманот на Анчелоти за селектор на Бразил велејќи дека Италијанецот прво треба да оди да ја среди својата земја, која не може да обезбеди учество на два едноподруго Мундијали, а потоа да мисли на Бразил.
„Не знам, ако е така добар, зошто тогаш не го реши проблемот на Италија? Па, Италија не може ни на Светско првенство да се пласира“ – истакна Да Силва.
До доаѓање на Анчелоти на кормилото на бразилската селекција привремено ќе биде Фернандо Диниз, кој ќе го предводи Бразил на стартот на мундијалските квалификации за СП 2026 во САД, Мексико и Канада. Карло Анчелоти ќе ја преземе селекцијата од јуни 2024 година и тоа со настапот на Копа Америка во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

