Претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михаилов, даде свој коментар околу победата над Македонија во Лигата на Нации. Михаилов самиот беше најзаслужен за поставувањето на Младен Крстаиќ на клупата на Бугарија, а со него Бугарите немаат пораз, односно завршија како второпласирани на табелата.
Михаилов кажа дека е задоволен од дисцплината и карактерот на тимот, и категорично изјави дека селекцијата се движи по вистинскиот пат.
„Уште на презентацијата на Младен Крстаиќ, кажав дека на нашата репрезентација и треба дисциплина и карактер, и исклучително сум задоволен што последната недела го покажа тоа. Вчерашната победа беше постигната по исклучителна тешка ситуација, и тоа е доказ дека Бугарија тргна по вистинскиот пат. Убеден сум дека ќе продолжиме да се надоградуваме. Репрезентацијата е лицето на нашата земја, и треба да ја гледам како таква – борбена, агресивна, храбра и победничка“, напиша Михаилов на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА