Претседателот на Чапекоенсе откри: Само Барселона ни помогна финансиски

Претседателот на клубот Чапекоенсе, што го авионска насреќа загуби најголем дел од тимот, Плинио Давид дес Невес, откри дека единствено шпанскиот гигант Барселона финансиски помогнал во најтешките моменти, иако тогаш добиле такви ветувања и од многу други клубови во светот. По големата трагедија во која животот го загубија речиси сите фудбалери и стручниот штаб, сите им ветувале помош, но таа пристигнала само од „Камп Ноу“.

capekoense

„По големата трагедија имаше многу ветувања дека ќе му се помогне на клубот и на семејствата на загинатите, но вистината е дека единствено Барселона е клубот што навистина ни помогна. Исто така, ќе бидеме дел од трофејот „Хоан Гампер“, а сите приходи ќе бидат наменети како помош за Чапекоенсе. Многу сме благодарни поради тоа“ – изјави претседателот на Чапекоенсе.

 

Се вчитува...