Првиот човек на Формула 1, Жан Тод, одговори на бројните критики и реакции од тимовите за поставувањето на „хало“ систем на болидите.
„Се однесувате како деца! Заборавате како одеше сето тоа“ – им порача Тот на возачите и на тимските лидери кои го критикуваа заштитниот ореол кој од оваа сезона е задолжителен на болидите поради безбедносни причини.
За изгледот на болидите со „хало“ системот се побуни и Тото Волф кој на претставувањето на новиот болид на Мерцедес рече „кога би имал моторна пила, веднаш би го пресекол тој дел. Еден од најголемите критичари на „хало“ системот е возачот на Хас, Кевин Магнусен.
„Грозно! Тоа го отежнува влегувањето и излегувањето од болидот. „Хало“ системот прави повеќе проблеми. Јас сум против – Формула 1 треба да биде безбедна, ама треба да биде и возбудлива“ – истакнуваше Магнусен.
На тоа претседателот на Ф1 вели дека возачите немаат право да бидат критични за зголемената безбедност.
„Некој има куса меморија. Тие не поттикнаа да воведеме поголема заштита. А, ние рековме – тука сме , слушаме. И веднаш побаравме од техничкиот персонал да најде решение“ – вели Жан Тод.
Тој потсети дека во декември 2015 година добил писмо од Здружението на возачите во Ф1 потпишано од Џенсон Батон, Себастијан Фетел и Александар Вурц во кое тие бараат да се воведе поголема заштита за возачите.
Прашањето за безбедноста на возачите во Формула 1 посебно беше актуелизирано по несреќата на патеката „Сузука“ во октомври 2014 година во која настрада францускиот возач Жил Бјанки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА