Претседателот на Фенербахче, Али Коч, не му остана должен на поранешниот тренер на турскиот гигант Жозе Мурињо. Португалскиот тренер на вчерашната промоција на Бенфика, изјави дека направил грешка што заминал во Турција, и дека тоа не е негово ниво.
Првиот човек на турскиот клуб веднаш му одговори.
„Напуштањето на Мурињо беше тешка одлука за мене. Тој беше како член на ова семејство. Рече дека доаѓањето е грешка. Мислам дека доашањето е грешка за двете страни. Изјави дека сега е во клуб на негово ниво. Одлично. Му посакувам среќа, и секогаш ќе го паметам со задоволство“, рече Коч и додаде:
„Се потценува себе си со таква изјава. Тој ја препишува елиминацијата од ЛШ на еден играч, Актуркоглу. Иронично, голот на Актуркоглу беше одлучувачки. Мурињо мораше да се прилагоди каде што е. Мораше да се промени малку повеќе по првата сезона“, изјави претседателот на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

