Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем е под истрага. Причината е мешање во резултатот на минатогодишната трка во Формула 1 за Големата награда на Саудиска Арабија.
„Свиркач“ и рекол на ФИА дека Бен Сулејем наводно интервенирал за да ја поништи казната на возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо на трката во Саудиска Арабија минатата година, објави „Би-Би-Си“.
Тврдењето е содржано во извештајот на службеникот за усогласеност на етичкиот комитет на ФИА, Паоло Басари. Свиркачот рече дека Бен Сулејем му се јавил на шеикот Абдула бин Хамас бин Иса Ал Калифа, кој е потпретседател за спорт на ФИА за регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, и му рекол дека мисли дека казната на Алонсо треба да биде поништена.
Алонсо доби казна од 10 секунди за недозволена работа на неговиот болид додека служеше претходната казна од пет секунди за време на трката. Поради таа казна Алонсо од третото место падна на четвртото, зад Џорџ Расел од Мерцедес, а откажувањето на казната го врати на подиумот.
Во извештајот се вели дека свиркачот рекол дека Бен Сулејем побарал од стјуардите да ја поништат нивната одлука за казнување на Алонсо. Според извештаите, Басари го користел терминот „претендере“, што на италијански значи да се бара или да се очекува.
На Етичкиот комитет се очекува да и бидат потребни четири до шест недели за да го објави својот извештај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА