Претседателот на француската федерација жестоко го навреди Зидан…, јавноста шокирана а веднаш доби одговор од Мбапе!

Многумина очекуваа по Светското првенство во Катар, Дидие Дешамп да ја напушти селекторската функција на Франција а на негово место да биде именуван Зинедин Зидан.

А, со именувањето на Зидан се очекуваше во репрезентацијата да се врати и Карим Бензема. Но, Дешамп изненади со одлуката да остане на селекторската функција, а тоа го прифати и Француската фудбалска федерација.

Зидан, така, остана без работата на која се надеваше за да веднаш после тоа се појавија шпекулации дека има понуда да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Претседателот на француската федерација, Ноел Ле Грат разговараше со домашните медиуми токму на темата Зидан и можноста да го преземе Бразил, на што беше навистина изненадувачки жесток.

„Немам ништо да кажам, нека оди каде што сака. Во клуб или во репрезентација, тоа не ме интересира ниту најмалку. Дали се обидел да ми се јави? Секако дека не, а и да ме побара јас не би му се јавил“ – истакна Ле Грат.

Сето тоа наиде на револт во француската јавност, за да на тие зборови од претседателот на федерацијата одговори Килијан Мбапе, кој на својот твитер профил одлучи да му одговори на претседателот…

„Зидан е Франција, ние не покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“ – напиша Мбапе.

Се вчитува...