Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хаити пет години силувал репрезентативки

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хаити, Ивес Жан-Барт доби обвиненија за силување на фудбалерки во тренинг-кампот на Хаити.

Скандалозното однесување на Жан-Барт кое траело цели пет години конечно го открија фудбалерки кои повеќе не можеле да молчат. Шокатно, Жан-Барт си има „посебна девојка“ во тимот која за него вршела притисок на девојките да имаат сексуален однос со претседателот.

„Претседателот ќе забележеше убава девојка, а потоа ја праќаше неговата да оди и да и се закани дека ќе биде исфрлена од репрезентацијата и од тренинг кампот. Единствен начин да остане е да оди кај претседателот и да разговара со него. А тоа не беше разговор, но единствено да има сексуален однос со него“ – пишува англиски „Гардијан“.

Дури, Жан-Барт на една од девојките ја принудил и да абортира откако останала бремена од него.

„Една од најдобрите млади фудбалерки на Хаити ја загуби невиноста со Жан-Барт на 17 години. Покрај тоа и забремени, па мораше да абортира. И го уништи целиот живот. Тој човек мора да одговара“ – пренесува „Гардијан“.

Жан-Барт, во меѓувреме, ги негираше овие наводи, но секако се подготвува обвинение за него согласно сведочењата од голем број девојки кои сексуално ги злоупотребувал.

Се вчитува...