Претседателот на Интер, Стивен Жанг се соочува со нови проблеми. Тој загуби спор на суд против кредитори и мора да плати 250 милиони евра.
Жанг беше обвинет дека во 2020 година земал рефинансирачки кредит од градежната банка во Кина во вредност од 250 милиони евра. Тој сето ова го негираше велејќи дека потписите на сите тие документи се фалсификат.
Судот во Кина не го прифати ова образложение и сега му е наложено на контроверзниот бизнисмен да го исплати целиот износ од 250 милиони.
Останува да се види како овој скандал ќе се одрази на работата на Интер во трансфер рокот откако клубот веќе остана без посакуваните засилувања Дибала и Бремер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА