Претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина, вели дека доколку дојде до реализација на Супер-лигата, тогаш Јувентус ќе биде исфрлен од Серија „А“.
Првиот човек на Јуве, Андреа Ањели е еден од „архитектите“ на натпреварувањето, кое беше формирано од 12 клуба, но брзо потоа клубовите се повлекуваа на притисок на навивачите. Девет од тимовите се откажаа, додека Реал Мадрид, Јувентус и Барселона не се изјаснија за откажување, и натаму се со идеја да се одржи ова натпреварување.
„Тој договор е хипотеза, но Јувентус ќе биде исклучен од Серија „А“ доколку се реализира Супер-лигата“, вели Гравина, пренесува „Ла Република“.
„Супер-лигата е погрешен одговор на реалниот проблем. Италија мора да размисли како да ја направи лигата поатрактивна на другите пазар, на пример на арапскиот“, рече Гравина.
Од италијанските клубови кои беа вклучени во натпреварувањето, беа уште и миланските тимови Интер и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА