Претседателот на Кардиф: Има некои неправилности во договорот за Сала, но ако треба ќе платиме…

Велшки Кардиф го купи аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала за 17 милиони евра, непосредно пред неговата смрт по падот на авионот на пат од Нант за Кардиф.

По официјалната објава за смрта на Сала веднаш се активираа и преписките меѓу Нант и Кардиф околу исплатата на средствата за купувањето на Аргентинецот. Но, првиот човек на Кардиф вели дека се ќе биде средено согласно договорот.

„Се уште собираме информации за целиот процес. Кога се ќе комплетираме убеден сум дека ќе се договориме со Нант и ќе продолжиме понатаму“ – вели претседателот на Кардиф, Мехмет Далман.

Според англиските медиуми Кардиф досега одбивал да ја плати отштетата која е наведена во договорот меѓу клубовите, а Нант се закани со тужба.

„Ние сме чесен клуб. Ако договорот не обврзува на тоа, секако дека ќе ја платиме отштетата. Но, ако тоа не мора да го направиме, а се чини дека има некои неправилности, логично е како претседателот да работам единствено во интерес на клубот“ – вели Далман.

Се вчитува...