Претседателот на Кикбокс федерација на Македонија, Дејан Митровски – Урко е одликуван со златна плакета за заслуга и допринос за развојот на кикбокс спортот на балканските простори. Митровски признанието го доби на Балканското првенство во кикбокс кое се одржа изминативе денови во Тешанк, Босна и Херцеговина.
Како претседател на КБФМ, Митровски доби и пехар во име на нашата селекција за најборбена репрезентација на ринг дисциплините.
„Овие признанија се резултат на целокупната заедничка работа на сите тренери и спортски работници кои членуваат во КБФМ. Бројот на клубови членки на КБФМ расте, се поинтензивни се нашите настапи на бројни интернационални натпреваруварања, резултатите се одлични и тоа се препознава и на балканските простори“ – изјави Митровски по добивањето на златната плакета.
На првенството Блаже Настов, член на кикбокс клубот „Будо“ од Кавадарци, доби пехар за најдобар јуниор на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА