Претседателот на Комо: Нико Паз сонува за враќање во Реал Мадрид

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо изјави дека Тотенхем не испратил официјална понуда за нивниот играч Нико Паз. Аргентинскиот напаѓач го привлече вниманието кон себе со двата гола во првото коло за својот тим против Лацио, и сега се најде на мета на многу големи клубови.

Суварсо изјави дека самиот играч сака да се врати во Реал Мадрид, а има клаузула од 20 милиони евра, со која „кралевите“ можат да го вратат во своите редови.

„Не е вистина дека сме одбиле понуда од Тотенхем, затоа што немаше понуда. Ако добиеме, знаеме дека прво мораме да се консултираме со Реал Мадрид. Во еден момент се плашевме дека Нико може да се врати во Шпанија. Тој порасна во академијата на Реал Мадрид, и сонува еден ден да се врати таму“, рече Суварсо.

Се вчитува...