Претседателот на Ла лига: Ако треба ќе ја исфрлиме Барса во втора лига

Претседателот Ла лига Хавиер Тебас, изјави дека е подготвен да ја исфрли Барселона во во ранг подолу доколку се докаже дека клубот не работел според правилата во „случајот Негреира“.

Тој вели дека доколку се докаже дека директорите се виновни, апсолутно е се можно. Тој исто така додава дека ова нема никаква врска со тоа што е фан на Реал Мадрид.

„Долг е патот до одлуката за овој случај. Уште е во фаза на истрага, но можно е клубот и директорите да бидат прогласени за виновни. Апсолутно сè е можно. Ако судијата одлучи дека има вина, тогаш Барселона ќе ја снајде тоа што го снајде Елче пред неколку години. Санкциите не се моја одговорност“, вели Тебес, кој никогаш не криел дека е навивач на Реал Мадрид, но дека евентуалната одлука за таква драстична казна за Барселона не би била поврзана со ништо друго освен одлуката од Судот. Точно е дека сум навивач на Реал Мадрид, но не сум фанатик“, изјави Тебас. 

Се вчитува...