Барселона за време на пандемијата на коронавирус дојде на работ до банкрот, а финансиските проблеми со кои се соочува овој шпански великан се уште не се подмирени.
Каталонците имаа проблем и со регистрација на своите нови засилувања па така неизвесно беше дали Дани Олмо ќе ја заврши сезоната во Барселона. Сепак претседателот Лапорта најде решение, продаде ВИП ложи на новиот „Камп Ноу“ па со собраните средства успеа да го задржи Шпанецот во првиот тим. На оваа тема сега говореше и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
„Очекував да ги решат проблемите уште во август, но не успеаја во тоа па работеа на случајот во последните три дена. Олмо кога потпиша за Барселона знаеше дека по декември може нема да игра. Фирмата која ги купи ВИП местта не се чини дека е платежно способна. Се заврши на суд, но по мене Олмо не требаше да го заврши првенството со Барселона“, изјави Тебас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

