Претседателот на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија доби забрана за присуство на следните 15 натпревари во француската лига, откако неодамна го критикуваше начинот на судење.
Поранешниот напаѓач на Марсеј, Фабрицио Раванели, сега советник на тој клуб, е суспендиран на три натпревари, објави агенцијата „Франс прес“. Тие беа казнети за нивните изјави по саботниот пораз на Марсеј на гостувањето кај Оксер (3-0), во натпреварот од 23. коло на француската лига.
По поразот од неговиот тим, Лонгорија пред телевизиските камери зборуваше за судиска кражба и „корупција“. Казната на Лонгорија стапува во сила веднаш и тој нема да може да извршува официјална функција и да биде на клупата за резервни играчи, во соблекувалната на играчите и заедно со официјалните лица во следните 15 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

