Претседателот на Меѓународниот Параолимписки Комитет, Ендрју Парсонс во работна посета на МОК

Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс (Andrew Parsons) од 24-27.03.2025 година е во посета на Македонија, во рамките на посетата на земјите од Југоисточна Европа. Во просториите на МОК, претседателот Димевски оствари средба со претседателот Ендрју Парсонс. Истакната беше исклучителната соработка помеѓу двата комитета, но и предложени конкретни идеи за аплицирање на заеднички проекти за афирмација на спортот на лицата со инвалидност преку програмата на Ерасмус+.

Претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски им врачи плакети на гостите за долгогодишната успешна соработка на полето на развој на спортот на лицата со инвалидност, со надеж дека таа и понатаму ќе трае и ќе се надоградува.

„Во „Јане Сандански“ присуствувавме на тренингот на кошаркарите во колички каде претседателот Парсонс имаше можност да се запознае со активностите на параолимпискиот комитет и желбата еден ден овие натпреварувачи да заиграат во NLB WILL Лигата“, информираат од МОК.

Се вчитува...