Претседателот на Милан, Паоло Скарони се појави со прво обаснување за отказот на легендата на клубот Паоло Малдини.
Скарони истакна дека Малдини повеќе не им бил потребен на „росонерите“ затоа што не знаел да работи тимски. И токму поради тоа добил и отказ.
„Знам дека сите ние имаме најдобро мислење за Паоло Малдини, затоа што е поврзан со Милан. Тој е вистински господин кој нема збор дека добро работеше за овој клуб. Но, сепак, ние следиме поиновативен модел за тоа како да се води еден клуб. А тој модел е дека сите треба да работиме тимски. Мислиме дека Малдини не се чувствуваше најдобро во таа тимска организација и затоа одлучивме дека треба да се разделиме. Ние секако сме благодарни во уделот на Малдини за сите успеси на клубот изминативе години, но тој повеќе не му треба на клубот“ – истакна Скарони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА