Претседателот на МОК, Димевски оствари средба со генералниот секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ФОТО)

Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, придружуван од Генералниот секретар Ѓорги Тасев и Раководителот на сектор спорт, Петар Спасеновски, оствари срдечна и работна средба со г-дин Јаковос Филипусис, Генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ICMG).

Во фокусот на разговорите беа подготовките за претстојните 20-ти Медитерански игри, кои ќе се одржат во Таранто, Италија, во 2026 година.

Беа разменети клучни информации околу организациските аспекти и учеството на македонската делегација, со цел обезбедување на најдобри услови за нашите спортисти на овој престижен настан.

Средбата помина во исклучително конструктивна атмосфера, потврдувајќи ја одличната соработка и заедничката визија за успешен настап на игрите во Таранто.

Се вчитува...