Жозе Мурињо е одлучен веќе во јануарскиот преоден рок во редовите на Манчестер јунајтед да доведе засилување во одбраната затоа што е свесен дека тоа му е најпотребно во овој момент.
„Црвените ѓаволи“ сезонава мака мачат во Премиер лигата и во Лигата на шампионите тешко доаѓајќи до победа. Мурињо претходните сезони доведуваше звучни засилувања во средниот ред и во нападот, но сега е дефинитивно концентриран на одбраната.
Според англиските медиуми, прв на списокот желби кај Мурињо е Калиду Кулибали од Наполи за кого е испратена понуда од 90 милиони евра. Но, италијанскиот клуб тоа веднаш го одбил.
Но, Мурињо не сакајќи да се откаже така лесно повторно се обидел да го омекне претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис со понуда од 103 милиони евра. Првиот човек на Наполи и тоа го одбил со објаснување дека Кулибали не е на продажба.
„Никој нема шанси да го доведе освен ако нема некоја луда понуда. Јас за тие пари што ги нуди Мурињо може да доведам само некој фудбалер кој е далеку под неговото ниво“ – порача Де Лаурентис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА