Претседателот на Панатинаикос доживеа срцев удар

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос доживеа срцев удар. Како што пренесуваат грчките медиуми, Јанакопулос е префрлен во болница поради болки во градите.

Кога бил хоспитализиран востановено е дека тој доживеал срцев удар. Во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Јанакопулос во 2012 го презеде водството на Панатинаикос, откако на местото ги наследи својот татко Павлос и чичко Танасис. Во периодот на неговиот мандат Панатинаикос два пати беше шампион во Лигата и купот на Грција.

Се вчитува...