Претседателот на Партизан: КЛС е приватен шампионат на семејството Човиќ

Финалната серија во кошаркарскиот шампионат на Србија не помина без скандал откако во вториот натпревар, прв на домашен терен на Партизан средбата не го дочека својот крај.

Поради навредливо скандирање во третата четвртина беше прекинат натпреварот меѓу големите белградски ривали, а откако кошаркарите во „црно-бело“ и навивачите заминаа од „Штарк Арена“ на теренот се појавија кошаркарите на Црвена Звезда па без присуство на домаќинот беше пресудено средбата да заврши со службена победа на гостите од 20-0 со што тимот од „Мал Калемегдан“ ја одбрани титулата.

По целиот скандал се огласи и претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ кој говорејќи за српските медиуми изјави дека српскиот кошаркарски шампионат е приватен шампионат на семејството Човиќ.

„Организиравме натпревар како многу пати до сега оваа сезона и направивме се во наша можност да помине во најдобар можен ред. Партизан не поддржува, напротив е против секој вид на навреда. Но, некои работи се очигледни како двојните стандарни кои копаат гроб на нашата кошарка и утврдуваат дека КЛС е приватно првенство на семејството Човиќ.

Пред да се прекине мечот се навредуваа семејството на Немања Недовиќ, семејството на Милош Теодосиќ па дури и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но ниту судијата ниту делегатот не ја опомена публиката се додека не се спомена Весна Човиќ. Направија прекин кој можам да кажам дека е направен со намера да се испровоцира публиката.

Зошто таква неправда? Навредите кон Жељко Обрадовиќ, Зоран Савиќ, Алекса Аврамовиќ, националната навреда кон Ален Смаилагиќ, Кевин Пантер, семејствoто на Данило Андушиќ… се тоа помина без предупредување, а не пак да беа празнети трибините“, изјави претседателот на Партизан.

Се вчитува...