Германскиот фудбалер Марио Геце ова лето го напушти ПСВ и потпиша за Ајнтрахт Франкфурт. Актуелниот освојувач на Лигата на Европа го потпиша екс германскиот репрезентативец на три години.
Најпрво Геце беше поврзуван со трансфер во Бенфика, но тоа не се случи. Тие најави му создале големи главоболки на претседателот на Порто, Пинто да Коста кој признал дека пиел и апчиња по најавата дека Германецот ќе замине во Бенфика.
„Многу се загрижив, пиев дури и апчиња за смирување“, рече Да Коста.
Бенфика на крајот се откажа од Геце поради тоа што барал голема плата.
„Кога се зборуваше за него, испив цела кутија апчиња. Престанав кога стана јасно дека нема да дојде во ривалот. Сега воопшто не се грижам“, изјави Да Коста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

