Ерата на Лионел Меси во редовите на ПСЖ не заврши славно. Аргентинскиот ас пристигна на „Паркот на Принцевите“ како големо засилување за исполнување на најголемата амбиција на клубот – освојување на Лигата на Шампионите, но и покрај триото заедно со Мбапе и Нејмар овој француски клуб не успеа да се искачи на врвот на Европа.
Меси во ПСЖ се задржа само две сезони по што следеше разделба во која еден од најдобрите фудбалери во историјата го критикуваше клубот откривајќи ги проблемите во главниот град на Франција.
За целата ситуација сега проговоре и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кој ја откри причината зошто по освојување на Светското првенство во Аргентина Меси не добил спектаклуларен пречек, а и го обвини за непочитување поради коментарите.
„Ако некој говори зошто не го славевме Меси доволно за освојувањето на Светското првенство, тоа е зошто ние сме во Франција. Тој го победи Килијан. Ние сме француски клуб. Не сакав целиот стадион да биде против него. Мислам дека мораме тоа да го почитуваме“, изјави претседателот на ПСЖ кој потоа одговори и на критиките на Меси, обвинувајќи го за непочитување.
„Разговараме кога сме тука, а не кога не нема. Имам големо почитување спрема него, но доколку некој говори лошо за ПСЖ откако ќе замине од клубот тоа не е добро. Тоа е непочитување. Тој не е лош човек, но мене воопшто не ми се допаѓа. Мојот коментар не вреди само за него, туку за сите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА