Претседателот на ПСЖ обвинет за поткуп

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер ал Келаифи е обвинет за давање поткуп на поранешниот потпретседател на ФИФА, Жером Валке. Валке пак е под обвинене за примање поткуп во процесот на продажба на телевизиските права за Светските првенства. Ал Келаифи е сопственик на телевизиската мрежа  „beIN Media Group“ и воедно и член на Извршниот борд на УЕФА.

„Според обвинението веќе не се работи за измама туку Ал Келаифи и уште едно лице се обвинети дека го подмитиле Валке кој поради тоа сторил сериозен криминал во менаџирањето на ситуацијата. И третото лице исто така е обвинето за давање мито“ – стои во соопштението од Швајцарското обвинителство кое е надлежно за случајот.

Жером Валке доби 12-годишна суспензија од фудбалот во 2016 година кога беше отркиен корупцискиот скналд во ФИФА. Тој му беше прв соработник на Сеп Блатер.

 

 

 

Се вчитува...