Претседателот на Рома, Џејмс Палота се соочува со казна од УЕФА поради неговото однесување за време на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул. Европската фудбалска федерација го обвини Палота за „невоздржани реакции“. Случајот ќе биде разгледан повторно на 31 мај, по одигрувањето на финалето во ЛШ.
Претседателот на италијанскиот клуб беше бесен поради судиските одлуки, посебно кога судиите не ја санкционираа играта со рака Трент-Алекасандер Арнолд на двобојот на „Олимписко“. Џејмс Палота побара да биде воведено видео-повторување на спорните ситуации.
На финалето во Киев на 26 мај, Ливерпул ќе се обиде да го симне Реал мадрид од европскиот трон. На патот до големото финале, Ливерпул во полуфиналето ја елиминира Рома со вкупни 7-6 во двата меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА