Барселона и Севиља веќе подолго време немаат добри односи, а пред неколку дена раководството на Барселона реши да ги прекине сите деловни односи со клубот од Андалузија.
Односот меѓу клубовите беше нарушен поради познатата регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Од Севиља јавно беа против, што воопшто не им се допадна на Лапорта и на другите челници на Барса.
По навистина долга сага, донесена е конечна одлука. Барса победи, жалбата беше успешна и така Олмо и Виктор беа пријавени.
Оваа одлука на судот наиде на големи критики, а претседателот на Севиља, Хозе Марија дел Нидо Караско не можеше повеќе да молчи и жестоко го критикуваше каталонскиот клуб, но и Реал Мадрид.
„Реал Мадрид застана на страната на Барселона, што е навистина неверојатно. Тие работат заедно на проект во кој никој од фудбалскиот свет не верува освен нив, а тоа е Супер лигата“.
„Во оваа земја, ако сте Барселона или Реал Мадрид, за вас важат посебни правила. Ако сте обичен „смртник“ како нас и другите клубови, тогаш правилата се применуваат поинаку“, изјави Караско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА